• сабота, 23 ноември 2024

Во Делчево презентирани резултатите од Националниот систем на интегритет на Република Северна Македонија

Во Делчево презентирани резултатите од Националниот систем на интегритет на Република Северна Македонија

Делчево, 28 мај 2024 (МИА) - Во Делчево се одржа завршен настан на кој Транспаренси Интернешнл-Македонија ги презентираше резултатите од Националниот систем на интегритет на Република Северна Македонија.  Настанот се реализираше во рамки на проектот „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција" кој е финансиран од Европската Унија и Владата на Швајцарија.

-Денеска во Делчево вршиме презентација на нашиот Национален систем за интегритет кој всушност ги евалуира 15-те столбови, ние ги нарекуваме столбови инаку тоа се институции кои се клучни за борба против корупцијата. На еден комбиниранн начин тие се изберени во поглед на нивната работа, ресурси, правото, практиката итн.. и во информациите кои ги добивме од самите нив значи во текот на целиот проект извадени се препораки, што истите треба да подобрат во нивната работа, истакна претседателот на Транспаренси Интернешнл, Благоја Пандовски.

Во методологијата на Транспаренси Интернешнл, Националниот систем за интегритет го сочинуваат 15 столбови кои секој поединечно се оценети од аспект на три димензии што се клучни за капацитетот за спречување корупцијата.

-Секој столб е оценетет од неговиот капацитет, од аспект на ресурси и независност; Неговите правна рамка и практики за внатрешно управување, со фокус на тоа дали институциите во тој столб се транспарентни, отчетни и дејствуваат со интегритет и Неговата улога во целокупниот систем за интегритет, со фокус на степенот до кој институциите во тој столб ги исполнуваат своите зададени улоги од аспект на спречувањето и борбата против корупцијата, додаде Пандовски.

Со цел да се земат предвид важните фактори од контекстот, оценувањето како што посочи е вградено во концизна анализа на целокупната политичка, социјална, економска и културна состојба - основата" - каде што функционираат овие 15 столбови.

Во рамки на проектот изготвен е прирачник кој содржи анализа од истражувањето на оваа тема спроведено во периодот меѓу јануари 2022 и декември 2023 година. вс/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан