Во Делчево првороденото бебе е женско
- Делчево го доби првороденото бебе во 2021 година. Бебето е девојче и е прва рожба во домот на младите Даниел и Сандра Стоименовски.

Делчево, 6 јануари 2020 (МИА) - Делчево го доби првороденото бебе во 2021 година. Бебето е девојче и е прва рожба во домот на младите Даниел и Сандра Стоименовски.
- Во предвечерието на најголемиот христијански празник Божик, Делчево го доби првороденото бебе во Новата година. Малата Мила, која е прва рожба во домот на семејството Стоименовски се роди во Клинички центар Скопје, на 4 јануари 2020 година, информираа од делчевскиот здравствен дом.
За првороденото бебе во Новата година, Општина Делчево ќе издвои паричен надомест од 10 илјади денари.
- Ова е пракса која секоја година се практикува како мала поддршка на семејствата чие бебе е првородено во годината, истакнаа од општината.
Од општината посочија дека освен малата Мила, парична помош во 2021 година ќе добијат и останатите родители кои ќе добијат новороденче во Новата година. вс/фф/