• среда, 25 декември 2024

Во Делчево почна процесот на Социјално мапирање

Во Делчево почна процесот на Социјално мапирање

Делчево, 10 ноември 2023 (МИА) - Во Делчево почна процесот за Социјално мапирање, во чии рамки се одржа средба со фокус групи составени од претставници на засегнати ранливи категории граѓани и членовите на Општинскиот советот за социјална заштита проширен со претставници на ЦУК и ДЗС. На овие средби граѓаните и претставниците на институциите имаа можност да разговараат и со д-р Јован Ананиев, претставник на Центарот за европска граѓанска иницијатива, организација која е партнер за спроведување на социјалното мапирање.  

Средбите како што истакна Ананиев се организираат со цел посеопфатно и подлабинско утврдување на потребите на одделните категории граѓани, како и да се добијат препораки кои произлегуваат од институциите и граѓаните кои припаѓаат на одделни засегнати категории и се во контекст на спроведување на социјалното мапирање.

- Во моментот присуствувате на фокус група која претставува дискусија со горе споменатите претставници на институции. Идејата е да се согледаат проблемите и потребите кои што ги имаат одделни категории на граѓани и да произлезат препораки кои што ќе бидат адресирани до државата. Оваа активности се однесуваат на Социјално мапирање на Општина Делчево нешто што претставува законска обврска на Општината, рече Ананиев.

Социјалното мапирање освен во градовите Делчево и Куманово, како што додаде ќе биде спроведено и во градови од 4 други држави од Западен Балкан.

-Дополнително на оваа дискусија се интервјуирани 70 граѓани со попреченост во Делчево, што е голема репрезентативност во однос на бројот на лица со попреченост. Крајната цел е да проилзезат препораки кои ќе бидат евидентирани и преточени во мерки кои што ќе ги преземе општината преку годишни програми во одделни области. Тука спаѓаат детска, социјална, здравствена заштита, образование и слично, но и во стратешки документи како што е социјален план. Понатаму имаме одделни стратегии како што е стратегии за локален економски развој и сл, додаде Ананиев.

Активноста е во рамките на регионалниот проект „Регионална соработка за подобра социјална инклузија на локално ниво“ кој го спроведува ЗЕЛС и Мрежата на асоцијации на локални власти на ЈИЕ – НАЛАС. 

Проектот се спроведува во соработка со ГИЗ Германско друштво за интернационална соработка во име на Сојузното Министерство за економска соработка и развој (БМЗ).  Социјалното мапирање, како активност е предвидена и во Акцискиот план на Општина Делчево. вс/сх/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан