Во Делчево во тек обуките за членовите на избирачките одбори
- Во Делчево во тек се обуките за членовите на избирачките одбори. Како што информираше претседателот на Општинската изборна комисија Борче Иванов обуките течат во најдобар ред со задоволителна
Делчево, 4 октомври 2021 (МИА) - Во Делчево во тек се обуките за членовите на избирачките одбори. Како што информираше претседателот на Општинската изборна комисија Борче Иванов обуките течат во најдобар ред со задоволителна посетеност од страна на инволвираните во Изборниот процес за претстојните локални избори.
- Денеска е трет ден од обуките за Локалните избори. Обуките течат во најдобар ред, има доволно посетеност од страна на обучувачите постои голема заинтересираност од нивна страна за начинот на кој ќе тече изборен процес. Самата новина во овој изборен процес е отпечатокот од прст за кој исто така тече една обука, рече Иванов.
Додаде дека за претседателите и замениците претседатели на избирачките одбори кои ќе го раководат отпечатокот од прст ќе има дополнителна обука.
Сертифицираниот обучувач Милорад Анастасов додаде дека секојдневно во Делчево се реализираат по две обуки со членови на три избирачки одбори.
- Тоа што е важно да го знаат учесниците е унифицирање на изборниот процес, во однос на примање на изборниот материјал, задачите за ден на изборите и за ден пред изборите. Исто така обуките се однесуваат и за самиот тек на изборите, како и за сумирањето на гласовите со цел да го знаеме изборниот законик и упатствата на Државната изборна комисија, додаде Анастасов.
Во Делчево на последните Локални избори се гласаше на 36 изборачки места, а право на глас имаа 15.049 избирачи вс/мс/