• петок, 05 декември 2025

Во Дебрца избирачките места отворени навреме

Во Дебрца избирачките места отворени навреме

Охрид, 2 ноември 2025 (МИА) – Жителите на Општина Дебрца денеска избираат нов градоначалник кој ќе ја предводи локалната самоуправа наредните четири години.

Според ОИК, сите избирачки места се отворени навреме така што изјаснувањето на граѓаните се одвива непречено и во демократски услови.

Право на глас имаат 3 937 лица, кои својот глас ќе го дадат на едно од 22-те избирачки места во општината. Во текот на вчерашниот ден своето право на избор во домашни услови го искористија и сите 37 пријавени стари и изнемоштени лица

Во првиот круг ниту еден од кандидатитеза градоначалничката функција  не доби поддршка со апсолутно мнозинство од граѓаните кои излегоа на гласање, така што за денеска изборот е сведен на двајца кандидати кои освоија најголем број гласови од изборите одржани пред две седмици.

Во составот на новиот Совет на општината девет места ќе имаат шестмина од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, двајца од редовите на коалицијата предводена од СДСМ и еден советник од коалицијата на Либерално-демократската партија. аб/лв/

фото/МИА архива

 

Остани поврзан