• понеделник, 23 декември 2024

Во два одделни напада Израел уби уште тројца команданти на Хезболах

Во два одделни напада Израел уби уште тројца команданти на Хезболах

Тел Авив, 13 ноември 2024 (МИА) - Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека Мухамед Муса Салах, Ајман Мухамед Набулси и Хаџ Али Јусеф Салах, команданти на Хезболах одговорни за регионите Хијам, Тебнит и Гаџар, загинале во два одделни напада.

„Овие терористи организираа многу терористички напади врз Израел и беа одговорни за лансирање на повеќе од 2.500 проектили кон подрачјата на Голанската Висорамнина, Горна Галилеја, Панхендл Галилеја и против војниците на ИДФ што дејствуваат на југот на Либан“, наведе ИДФ.

Во соопштението се додава дека оваа акција дополнително ја намалува способноста на Хезболах за спроведување на терористички напади од јужен Либан врз израелските цивили долж северната граница. ссм/

фото: архива

Остани поврзан