• понеделник, 18 ноември 2024

Во два напада  на исламистите во Нигерија загинаа 40 цивили и 20 војници

Во два напада  на исламистите во Нигерија загинаа 40 цивили и 20 војници
Маидугури, 14 јуни 2020 (МИА) - Во вчерашните два напада на Исламска држава на провинциите во Западна Африка загинаа најмалку 20 војници и повеќе од 40 цивили, а повредени се стотина луѓе во североисточната  нигериска држава Борно. Според очевидците, напаѓачите вооружени со тешко оружје, вклучително и ракетни фрлачи упаднале во Монгуно, седиштето на меѓународните невладини сили и ги совладале владините безбедносни сили, при што загинале 20 војници. Во вкрстен оган повредени се стотина луѓе. Во исто време терористите на мопеди и на камиони упаднаа во Нганзаи и убија над 40 цивили. Одговорност за нападите презеде Исламска држава на провинциите во Западна Африка. Припадниците на ексстремистичката група Боко харам  и на Исламска држава на провинциите во Западна Африка досега убија илјадници луѓе и предизвикаа егзодус на милиони луѓе во североисточна Нигерија. ми/

Остани поврзан