• среда, 27 ноември 2024

Во два израелски воздушни напади врз Сирија загинаа 15 лица

Во два израелски воздушни напади врз Сирија загинаа 15 лица

Дамаск, 14 ноември 2024 (МИА) - Најмалку 15 лица загинаа во два израелски воздушни напада во близина на сирискиот главен град Дамаск.

Шеснаесет лица се ранети во две станбени згради, јави сириската државна новинска агенција САНА.

Цел на еден напад била канцеларијата на палестинската група Исламски џихад.

САНА објави дека во Сирија е активирана противвоздушна одбрана бидејќи „непријателот“ гаѓал цел јужно од градот Хомс, но без дополнителни детали.

Израел изврши стотици воздушни напади врз членови на либанскиот Хезболах во Сирија и функционери на други групи поддржани од Иран. паг/

Фото: МИА архива


  

Остани поврзан