• понеделник, 23 декември 2024

Во Данска три лица починаа од салмонела во растителен лек

Во Данска три лица починаа од салмонела во растителен лек
Копенхаген, 14 април 2021 (МИА) – Најмалку три лица починаа, а 19 се хоспитализирани во Данска откако конзумирале растителен лек, псилиум, соопштија локалните здравствени власти. Вкупно 33 лица пријавиле труење од лекот од марката „Хуск“ од серија што ја произвел „Оркла Кер“. Пациентите се на возраст од две до 92 години, јави Би-Би-Си. Властите откриле траги од салмонела во производите и во домовите на пациентите. јт/

Остани поврзан