• среда, 25 декември 2024

Во град во Франција, казна од 750 евра за луѓето кои не го собират изметот на своите кучиња од улица

Во град во Франција, казна од 750 евра за луѓето кои не го собират изметот на своите кучиња од улица
Бержерак, 3 мај 2022 (МИА) - Бержерак, туристички град во југозападна Франција, воведе казна од 750 евра за сопствениците на кучиња кои нема да го подигнат изметот на своите миленици, на јавните површини. - Лицата кои ги шетаат своите кучиња се должни веднаш, на секој соодветен начин, да го соберат животинскиот измет од улица, од парковите, градините и слични места, согласно Уредбата од 11 април. Казната од 750 евра е, веројатно, највисока во Франција, изјави Лои Домбрвал, градски советник задолжен за прашања за животните. Тој вели дека „кучешкиот измет може да биде вистинско зло во градовите“, по што на крајот следи стигматизирање на кучињата и нивните сопственици. Со воведувањето на новата мерка, Градската управа на Бержерак нагласува дека целта е да се гарантира безбедност и подобро јавно здравје.  си/

Остани поврзан