• сабота, 23 ноември 2024

Во Градско ќе се подобрува водоснабдувањето со два цевковода

Во Градско ќе се подобрува водоснабдувањето со два цевковода

Велес, 7 март 2023 (МИА) - Општина Градско започна со реализација на проектот „Изградба на систем за подобрување на водоснабдување со питка вода за населбата Градско со два цевковода“. Како што информира градоначалникот Киро Нацков, средствата се од Европска инвестициона банка, во висина од 12.757.482 денари.

Изведувач на градежните работи е Друштвото за градежни работи, производство, трговија и услуги „МИНТ - инженеринг“.

- Подобрувањето на водоснабдувањето на Градско и останатите населени места во општината  е еден од приоритети на работата на локалната власт. И во наредниот период ќе продолжиме со други вакви и слични проекти за подобрување на водоснабдувањето и во останатите населени места во општина Градско, најави Нацков. ад/бд/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан