• петок, 05 декември 2025

Во Градски парк настан Еуромеланома за превенција и заштита на детската кожа

Во Градски парк настан Еуромеланома за превенција и заштита на детската кожа

Скопје, 4 јуни 2025 (МИА) - Во Градски парк на Школка денеска со почеток во 15 часот ќе се одржи настан Еуромеланома, на кој граѓаните ќе имаат можност за бесплатен преглед на бемки, лезии или дамки сомнителни за рак на кожа со дермоскоп од страна на искусни дерматолози.

Како што соопштија организаторите, дерматолозите ќе советуваат, едуцираат и информираат за соодветната заштита и превенција.

Оваа година, фокусот на Европската кампања е на превенција и заштита на детската кожа, при што ќе има програма за најмалите посетители, музика, посета од маскоти Маша и Медо, цртање на лице со аниматор и подароци. нд/вг/

Фото: Плакат

Остани поврзан