• сабота, 23 ноември 2024

Во Градскиот Парк во Скопје се одржа хуманитарната изложба „Цвеќе на мирот и хуманоста"

Во Градскиот Парк во Скопје се одржа хуманитарната изложба „Цвеќе на мирот и хуманоста
Скопје, 7 ноември 2021 (МИА) - „Цвеќе на мирот и хуманоста" беше насловена денешната изложба која уметникот, хуманист и амбасадор на цвеќето Живко Поповски Цветин заедно со Црвениот крст на Град Скопје ја одржа на мостот во Градскиот Парк во Скопје. Изложени беа стотина слики, дел од нив беа продадени, а дел беа подарени на минувачите и на децата, кои донираа пари. Цветин одржа и ликовна работилница. Поетот Горан Анчевски изрецитира дел од својата поезија, како и од Петре  М. Андреевски, Анте Поповски, Радован Павловски, Васил Куновски и од Ѓорги Ѓоргиевски. На денеска наречениот „Мироцветен мост на мирот и хуманоста" беа собрани значителни парични средствата од продадените слики кои ќе бидат подарени на Домовите за стари по повод „Неделата за стари лица". Овој хуман перформанс, цвеќиња за златните луѓе со сребрени коси, ќе има свое продолжение во иднина, како заеднички хуманитарен перформанс на џезерот Сашо Поповски, на која тој ќе изведува музика, додека сликарот Цветин ќе црта цвеќиња. дма/сст/

Остани поврзан