• петок, 20 декември 2024

Во Германија 22 години по воведувањето на еврото, се уште има 12,2 милијарди марки во оптек

Во Германија 22 години по воведувањето на еврото, се уште има 12,2 милијарди марки во оптек

Германија, 17 декември 2023 (МИА) - Речиси 22 години по воведувањето на еврото, во оптек се уште 12,2 милијарди германски марки кои граѓаните не ги замениле за евра, објави денеска Централната банка на Германија.

„На крајот на ноември во оптек се уште имаше 12,2 милијарди монети и банкноти од германски марки, односно 6,24 милијарди евра“, изјави директорот на германската централна банка Буркхард Балц во интервју за агенцијата ДПА. Тој рече дека само годинава за евра се заменети 53 милиони марки.

„Сметаме на тоа дека следната година ќе има масовна размена на марки во евра. Зачуден сум од фактот  дека и во третата деценија по воведувањето на еврото, колку марки се уште не го нашле патот до Централната банка“, рече Балц.

Тој смета дека одредено количество марки никогаш нема да се заменат за евра бидејќи ќе останат во збирките на нумизматичарите. Во оптек се уште има банкноти во вредност од 5,7 милијарди марки и монети во вредност од 6,6 милијарди марки. зш/

Остани поврзан