• петок, 05 декември 2025

Во Газа денеска влегле само 36 камиони со хуманитарна помош, потребни се најмалку 600

Во Газа денеска влегле само 36 камиони со хуманитарна помош, потребни се најмалку 600

Газа, 3 август 2025 (МИА) – Во Газа денеска влегле само 36 камиони со хуманитарна помош, предупредија палестинските власти, истакнувајќи дека се потребни најмалку 600 камиони со помош дневно и оти потребите на населението се влошуваат.

Според информациите од канцеларијата за медиуми на палестинската влада во Газа, поголемиот дел од хуманитарната помош е ограбена и украдена „како резултат на безбедносниот хаос што израелската окупација систематски и намерно го продлабочува“, пренесува Скај њуз.

Во соопштението се повикува на итно отворање на премините, како и на влез на доволно количество помош и млеко за новороденчиња, а најостро се осудува продолжувањето на злосторствата со изгладнување. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан