• среда, 20 ноември 2024

Во Врање повеќе се вакцинираат македонски отколку српски државјани

Во Врање повеќе се вакцинираат македонски отколку српски државјани
Белград, 28 јули 2021 (МИА) - Во Врање продолжува трендот македонските државјани повеќе да се вакцинираат против Ковид-19 од граѓаните на Врање, јави дописникот на МИА од Белград. Според податоците на Здравствениот центар (ЗЦ) од Врање, вчера во овој град во јужна Србија се аплиицрани вкупно 213 вакцини, од кои прва доза примиле 70 македонски граѓани, за разлика од 38 српски. Втора доза, пак, примиле 58 македонски државјани, за разлика од 47 Срби. Прва доза Фајзер примиле 70 лица, а втора - 56 граѓани. Прва доза на кинескиот Синофарм е дадена во 38 случаи, а втора во 49 случаи. Руската вакцина Спутник В и Астра Зенека во Врање не беа аплицирани вчера, наведуваат од ЗЦ во Врање. Според податоците, вкупниот број вакцинирани граѓани на Врање и од други градови во Србија, Северна Македонија и други земји во Спортската сала во Врање од почетокот на вакцинацијата до 27 јули е 77.736 лица. Доколку се земат предвид сите достапни вакцини, првата доза им била дадена на граѓани од Србија во 28.106 случаи, лица од Северна Македонија примиле 12.258 дози, а државјаните на БиХ шест дози. Што се однесува до втората доза, на Србите им се дадени 27.524 дози, на македонските државјани 9.717 и на државјаните на БиХ седум. об/цр/

Остани поврзан