• среда, 25 декември 2024

Во Врање досега вакцинирани 2.032 Mакедонци, без закажување можно вакцинирање и во Ниш и во Нови Сад

Во Врање досега вакцинирани 2.032 Mакедонци, без закажување можно вакцинирање и во Ниш и во Нови Сад
Белград, 7 јуни 2021 (МИА) - Според последните податоци на Градскиот штаб за вонредни состојби во Врање за време на викендот вакцинирани се 927 граѓани на Република Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. Од ПР службата на Здравствениот дом во Врање соопштија дека досега во овој град со првата доза се вакцинирани 2.032 граѓани на Северна Македонија. Од денес граѓаните на Северна Македонија можат да се вакцинираат на главниот пункт за вакцинација во Врање, во Спортската сала, без претходно закажување и претходно подготвени списоци. Од Здравствениот дом во Ниш за МИА изјавија дека и во овој град македонските државјани можат да се вакцинираат без закажување преку е-Управа. Покрај граѓаните на Србија, македонските граѓани и граѓаните на БиХ,  можат да се вакцинираат и во Нови Сад без покана од е-управа. Достапни се вакцините на Синофарм, Астразенека и Фајзер, додека „Спутник В“ се дава само на граѓаните кои добиле покана од е- Управа. Главниот техничар на Здравствениот дом „Нови Сад“, Ненад Вукас, за 021.rs изјави дека странците од овие две земји можат да се вакцинираат на Новосадскиот саем, како и во трговските центри БИГ и Променада, додека вакциналниот автобус ќе ја менува својата локација секој ден. об/aa/

Остани поврзан