• среда, 20 ноември 2024

Во Врање во 2021 година вакцинирани вкупно 26.689 македонски државјани

Во Врање во 2021 година вакцинирани вкупно 26.689 македонски државјани
Белград, 6 јануари 2022 (МИА) - Во Врање заклучно со 5 јануари, годинава, се дадени точно 116.548 дози од сите вакцини против коронавирусот, соопштиja од Здравствениот дом во Врање, јави дописникот на МИА од Белград. На граѓаните на Врање и Србија им биле дадени 89.830 дози, на граѓаните на Северна Македонија 26.689 и на граѓаните на БиХ 29 дози. Од сите четири типа достапни вакцини, убедливо најчесто давана е вакцината на кинески Синофарм - 72.098 дози. Фајзер бил даден во 35.275 дози, руски Спутник-В во 8.243, а Астра Зенека во 932 случаи. об/вг/

Остани поврзан