• среда, 25 декември 2024

Во Вински музеј Кавадарци 13 илјади посетители за три ипол години

Во Вински музеј Кавадарци 13 илјади посетители за три ипол години

Кавадарци, 13 мај 2024 (МИА) - Вкупно 13 илјади посетители го имаат посетено Вински музеј Кавадарци за повеќе од три ипол години, соопшти денеска директорката Весела Честоева, информирајќи дека вчера, музејските експонати имале можност да ги видат и посетители од познатиот вински регион Алзас од Франција. 

- Вински музеј за регион Тиквеш од Кавадарци, станува се поинтересна дестинација за туристите. Од ден на ден расте интересот за овој музеј, за настаните што ги организираме овде и за експонатите што говорат за историјата, културата и традицијата во најголемиот лозаровинарски регион во државата. Гостите се  запознаваат со богатата традиција во делот на винската култура во Тиквешијата. Развојот на туризмот и воспоставување на соработка со други туристички дестинации, како винската област во Франција, е приоритет на Општина Кавадарци, подвлече Честоева. 

Таа нагласи дека оваа културна институција е секогаш отворена за најразлични настани за различни генерации, што ги промовираат уметноста, историјата, културата и традицијата на овој простор. 

- Отворивме и две винотеки, во кои може да се купат вината од семејните винарии, како значаен потенцијал за лозаровинарството и винскиот туризам, нагласи Честоева. 

Таа додаде дека нивните настани вклучуваат лица од различни генерации, а им посветуваат внимание на сите видови на уметност. 

- Наша цел е да го издигнеме на повисоко ниво македонското вино на светската винска карта, а винскиот музеј да биде задолжителна дестинација на вљубениците во убавото вино, што исто така претставува своевидна уметност, додаде Честоева. свд/дма/

 

Фото : Вински музеј Кавадарци 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан