• вторник, 27 август 2024

Во Велика Британија се отстрануваат уште статуи, по уривањето на споменикот на трговец со робови

Во Велика Британија се отстрануваат уште статуи, по уривањето на споменикот на трговец со робови
Лондон, 9 јуни 2020 (МИА) - Уште три споменици се отстрануваат во Велика Британија поради загриженост дека се расистички, откако демонстрантите соборија статуа на трговец со робови во Бристол. Статуата на робовладетелот Роберт Милиган во Лондон ќе биде отстранета „што е можно поскоро“, во согласност со „желбите на локалната заедница“, изјавија официјални лица, пренесува Скај њуз. Одлуката е донесена откако демонстрантите од движењето „Black Lives Mater“ (Животите на црнците се важни) кои протестираа поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис во неделата, ја отстранија статуата на трговецот со робови Едвард Колстон од основата и ја фрлија во бристолското пристаниште. ссм/  

Остани поврзан