• среда, 25 декември 2024

Во Велика Британија возачите на Убер ќе имаат статус на вработени лица

Во Велика Британија возачите на Убер ќе имаат статус на вработени лица
Лондон, 17 март 2021 (МИА) - Возачите на Убер во Велика Британија од денеска ќе имаат статус на вработени лица, кои ќе примаат минимална плата, ќе имаат право на платен одмор и ќе можат да уплаќаат за пензија, во што ќе учествува и компанијата. Овие права се додаваат на постоечките - бесплатен пристап до здравствено осигурување и надокнада за породилно отсуство. Американската компанија првпат во Велика Британија го менува статусот на повеќе од 70.000 возачите, кои досега беа самовработени. Одлуката уследи откако на 19 февруари британскиот Врховен суд пресуди дека возачите на Убер се „работници“ и поради тоа им следат социјалните права. Тужба поднесоа околу 20 возачи кои истакнаа дека имаат право на статус на работници, со оглед на тоа што нивната работа ја следи и оценува компанијата Убер. Убер е американска меѓународна компанија, која има мобилна апликација и транспортна мрежа. Мобилната апликација им овозможува на корисниците да пронајдат превоз и да платат преку интернет. Се проценува дека Убер има над 100 милиони корисници ширум светот. ми/

Остани поврзан