Во велешките основни и средни училишта минимален број на позитивни на Ковид-19
- Во велешките основни училишта има еден позитивен ученик и 34 негови соученици во изолација, а позитивни се и еден наставник и еден вработен во стручните служби. Во средните училишта во Велес

Велес, 29 јануари 2021 (МИА) - Во велешките основни училишта има еден позитивен ученик и 34 негови соученици во изолација, а позитивни се и еден наставник и еден вработен во стручните служби. Во средните училишта во Велес позитивни се четири ученици, додека еден ученик и еден наставник се во изолација. Во детската градинка „Димче Мирчев“ позитивни се две воспитувачки. Вкупно за сите училишта заедно со градинките и Средношколскиот дом има пет позитивни ученици, 35 се во изолација, три наставници се позитивни, додека еден наставник и еден вработен во стручните служби се во изолација, а има позитивен е и еден директор, информира на денешната прес-конференција велешкиот градоначалник Аце Коцевски.
Коцевски додаде дека во Општина Велес има само едно вработено лице позитивно на Ковид-19 и еден вработен кој е во изолација. ад/ки/