Во велешката касарна крводарителска и хуманитарна акција
- Традиционално по повод 15 април - Денот на командата за обука и доктрини, од Општинската организација на Црвен крст во соработка со КОД денеска беше организирани хуманитарна и крводарителска акција.

Велес, 11 април 2025 (МИА) - Традиционално по повод 15 април - Денот на командата за обука и доктрини, од Општинската организација на Црвен крст во соработка со КОД денеска беше организирани хуманитарна и крводарителска акција. На крводарителската акција во соработка со медицинска екипа од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, денеска припадниците на Армијата даруваа 31 крвна единица.
За хуманитарната акција припадниците на Армијата од КОД при велешката касарна подготвија пакети со прехранбени производи наменети за оние на коишто им е најпотребно. Како што информира за МИА, Орце Николов секретар на ООЦК Велес, пакетите на социјални загрозени семејства во понеделник ќе им ги поделат нивните волонтери.
Воедно потенцира дека акциите се дел од континуираните напори на Командата за обука и доктрини и Црвениот крст да ја поттикнат хуманоста на дело и да помогнат во создавањето на подобри услови за живот во локалните заедници.ад/