• четврток, 26 декември 2024

Во Велес утре второ авионско прскање против комарци

Во Велес утре второ авионско прскање против комарци

Велес,14 јули 2023 (МИА) - Утре во периодот помеѓу 05:00 и 08:00 часот, Општина Велес ќе го спроведе второто авионско третирање против комарци на територијата на градот и приградските населени места.

Од Општина Велес соопштуваат дека со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. Исто така, ќе се третира рекреативниот центар „Езеро Младост“ со непосредната околина.

-При авионското третирање ќе се употребува средство „KULFAK 50 ЕС“, биоциден производ на производител „KULSAN ILАС“ од Турција, одобрено од Министерството за здравство, посочуваат од општината.

Општината ги известува пчеларите за време на времетраењето на третирањето и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Појаснуваат дека доколку временските услови не дозволуваат авионско третирање ќе се реализира наредниот ден, односно во недела.

Третирањето против комарци се реализира согласно законската обврска за заштита на населението од заразни болести и за дезинсекција.ад/фф/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан