• среда, 25 декември 2024

Во Велес поделени 400 оброци на Велики петок

Во Велес поделени 400 оброци на Велики петок
Велес, 17 април 2020 (МИА) - Со парична донација на велешкиот фудбалерот Панче Ќумбев и неговото семејство, а со подготовка на оброкот во Гостилница „Боем“ која се вклучи во хуманата акција насловена „Условен оброк“ и го подготви посниот ручек, денеска во Велес беа поделени 370 оброци за социјално ранливи семејства од градот и уште 30 оброци за здравствените работници или вкупно 400 ручеци на Велики Петок спрема Велигден. При поделбата на ручекот од  гравче риба и салата се вклучија и волонтерите на Општинскиот Црвен крст и хуминитарката Ленче Здравкин. Таа за МИА, вели дека граѓаните биле примерни при делење на храната и според претходниот договор со нив држеле растојание, некои носеле маски и друг вид на заштита, а тие на дел од нив  им делеле и заштитни маски и нараквици. Од Гостилницата „Боем“ која во повеќе наврати била вклучена во вакви хуманитарни акции за делење на подготвени оброци посочуваат дека во овие кризни денови храната е потребна на голем дел социјално ранливи семејства, семејства не само за празниците туку и секојдневно.Тие затоа апелираат кон граѓаните и фирмите да бидат хумани на дело  да се вклучат во  следни хумани акции кои би се организирале  не само за празници туку и за обични денови. ад/оџ/      

Остани поврзан