• среда, 25 декември 2024

Во Велес отворени 59-те Рацинови средби

Во Велес отворени 59-те Рацинови средби
Велес, 15 јуни 2022 (МИА) - Во својата дебата за Рацин проф. д-р Михајло Марковиќ на синоќешното отворање на 59-те Рацинови средба во Велес, пред присутните презентираше документ од Кочо Рацин во кој тој одговора на прашањето „дали ние сме Македонци или македонски Бугари“. - Јасно е дека ние сме Македонци, а не македонски Бугари. Јасно е дека против тоа се борат свесно и бугарските и странските империјалисти и дека несвесно им служат оние наши другари што ни го одрекуваат правото да се сметаме за национално Македонци, пишува Рацин. Како што потенцира Марковиќ на крајот од дебатата, во суштина гледаме дека Рацин е „наша светлина во темниот тунел“. - Во суштина секогаш на македонскиот народ Бог му праќа човек како Рацин, којшто ќе може да ни ги отвори патиштата. Ќе може да ни даде надеж, она за што тој цело време се залага. Надеж која ќе не однесе напред кон следната борба за нашата самобитност, самостојност и македонштина. Дури и неговите последни зборови кога беше застрелан на Лопушник беа завет и водилка за Македонците и мора да останат завет за секој Македонец. Рацин порача Кажете и на мајка ми нека не жали дека сепак ние ќе победиме. И јас како Рацин ви велам сепак ние ќе победиме, порача на крајот од „Беседата за Рацин“, проф. Марковиќ. ад/сп/

Остани поврзан