• петок, 22 ноември 2024

Во Вашингтон средба на премиерот на Украина и американскиот секретар за одбрана

Во Вашингтон средба на премиерот на Украина и американскиот секретар за одбрана

Вашингтон, 12 април 2023 (МИА) -  Украинскиот премиер Денис Шмихал денеска се сретна со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во седиштето на Пентагон, каде разговараа за поддршката на Вашингтон за Киев.

„Двајцата лидери разговараа за приоритетите во безбедносната помош, како што се противвоздушната одбрана и артилерија, како и обуката за украинските вооружени сили“, се вели во соопштението на Пентагон.

Во соопштението за печатот се наведува дека Шмихал и Лојд се согласиле за важноста на обезбедувањето безбедносна помош.

Си-Ен-Ен објави дека Шмихал ги повторил барањата на Киев за борбени авиони Ф-15 и Ф-16 и ракети со поголем дострел.

„Ќе победиме во оваа војна, но за да ја постигнеме целта побрзо и со помалку жртви, на Украина и понатаму и е потребна интензивна воена поддршка“, рече Шмихал. ссм/

фото: Твитер принтскрин

Остани поврзан