Во Василево отворено ново детско рекреативно катче
- Во општинскиот центар Василево отворено е ново детско рекреативно катче подигнато на иницијатива на Општината во парнерство со УСАИД, ЛАГ „Беласица-Огражден“ и Мрежата за рурален развој.

Василево, 18 декември 2024 (МИА) - Во општинскиот центар Василево отворено е ново детско рекреативно катче подигнато на иницијатива на Општината во парнерство со УСАИД, ЛАГ „Беласица-Огражден“ и Мрежата за рурален развој.
Во информацијата од локалната самоуправа се наведува дека заедно со постоечкото реконструирано игралиште, рекреативното катче претставува мултифункционален спортско-рекреативен простор во кој ќе уживаат најмладите но и повозрасните жители на населеното место Василево.
Опремено е со реквизити и справи за спорт и рекреација, хортикултурно уредено со зимзелени и листопадни дрвца, оградено и опремено со клупи за одмор и канти за отпадоци.
Инаку, пред околу две години, Општина Василево во соработка со истите партнери, во рамки на Програмата за развој на заедницата, изгради парк во населеното место Чанаклија.рт/са/
Фото: Општина Василево