• петок, 26 јули 2024

Во Бразил се запленети девет хеликоптери во акција против меѓународна трговија со дрога

Во Бразил се запленети девет хеликоптери во акција против меѓународна трговија со дрога

Бразилија, 17 мај 2024 (МИА) - Федералната полиција на бразилската држава Гојас заплени девет хеликоптери што ги користела организирана криминална група за меѓународна трговија со дрога.

Истрагата утврдила дека осомничените ги користеле хеликоптерите преку таканаречената „црвена рута“ за транспорт на тони дрога од Боливија и Перу до Бразил.

Полицијата запленила и 676 килограми кокаин, јавува Си-Ен-Ен Бразил. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан