• сабота, 06 декември 2025

Во Бразил приведен хакер поради кражба на 100 милиони долари од банките

Во Бразил приведен хакер поради кражба на 100 милиони долари од банките

Бразилија, 4 јули 2025 (МИА) – Бразилската полиција приведе осомничено лице поради кибер напад, кое наводно пренасочил повеќе од 540 милиони бразилски реали (околу 100 милиони долари) од бразилскиот банкарски систем.

Полиција во Сао Паоло соопшти не го откри идентитетот на приведениот, само објави дека работел во компанија за информатичката технологија и им помагал на други да добијат неовластен пристап до ПИКС.

Кибер нападот влијаеше на популарниот бразилски систем за инстант плаќање – ПИКС (PIX), кој го користи 76,4 проценти од населението во Бразил.

Мета на хакерскиот напад била софтверската компанија Ц&М (C&M), која ги поврзува финансиските институции со Централната банка за да се овозможи ПИКС трансакции.

Централната банка на Бразил вчера ги суспендирала некои од операциите на Ц&M откако компанијата презеде мерки за намалување на ризикот од понатамошни напади. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан