• вторник, 24 декември 2024

Во борба за Златна палма 21 филм

Во борба за Златна палма 21 филм
Париз, 16 мај 2022 (МИА) - Во Кан утре започнува 75. Меѓународен фестивал, а за Златна палма годинава се борат 21 филм, меѓу кои и постигнувањата на Дејвид Кроненберг, Рубен Остлунд и браќата Жан-Пјер и Лик Дарден. За првпат од почетокот на епидемијата од коронавирусот, нема да има здравствени ограничувања на фестивалот. Американската ѕвезда Том Круз ќе ја претстави новата верзија на „Топ Ган“ - „Топ Ган Маверик“, што ќе биде прикажана на 18 мај. Актерот Форест Витакер, познат по улогата на славниот џез музичар Чарли Паркер во филмот „Птица“ на Клинт Иствуд, ќе добие почесна Златна палма. Како што пишуваат медиуми, фестивалот ќе биде одржан во светло на војната во Украина. Организаторите за првпат ќе бидат домаќини на рускиот режисер Кирил Серебреников, чиј филм е во конкуренција за Златна палма. Режисерот стана симбол на распадот на руските уметници со руските власти. Покрај Златна палма од 2000 година се доделува и „мини-палма“ за најдобри актер и актерка, како и награда во делот „Одреден поглед“. бд/

Остани поврзан