• сабота, 23 ноември 2024

Во болница згрижени 16 лица по пожарот на панорамското тркало во Лајпциг

Во болница згрижени 16 лица по пожарот на панорамското тркало во Лајпциг

Лајпциг, 18 август 2024 (МИА) - Шеснаесет лица кои беа повредени откако се запали панорамско тркало на фестивалот во Лајпциг се згрижени во болница, соопшти денеска полицијата.

Меѓу повредените има четири лица со изгореници и едно лице со повреда при пад, соопшти полицијата. Никој од повредените не е во животна опасност.

Во врска со пожарот, лекарска помош им е укажана на 65 лица, соопшти полицијата, без да даде информации за возраста и полот на повредените.

Несреќата се случила кога вчера околу 21 часот се запалила една од кабините на панорамското тркало. Пожарот потоа се проширил и на втората кабина, јави ДПА. мс/

фото: Принтскрин

Остани поврзан