• понеделник, 16 декември 2024

Во близина на островот Сен Мартин на чамец запленети 1,8 тони кокаин

Во близина на островот Сен Мартин на чамец запленети 1,8 тони кокаин

Париз, 1 мај 2024 (МИА) – Вкупно 1,8 тони кокаин е запленет од чамец кај островот Сен Мартен во француската Западна Индија (француски Антили), јави француската телевизија канал Европа 1.

Запленувањето се случило вчера доцна попладне, кога чамецот, без име и регистрација, бил врзан за понтон во градот Маригот, на француската страна на островот, според извор запознаен со истрагата.

Локалните жандарми пронашле „неколку десетици пакувања“ кокаин, со вкупна тежина од 1,8 тони, а полицијата се уште трага по шверцерите, кои веднаш побегнале, додава изворот. јт/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан