• вторник, 24 декември 2024

Во Битола пронајдени четири артирелиски гранати од Првата светска војна

Во Битола пронајдени четири артирелиски гранати од Првата светска војна
Скопје, 27 март 2022 (МИА) - Во Битола вчера беа пронајдени четири артилериски гранати со калибар 75 мм, кои потекнуваат од Првата светска војна. Во СВР Битола било пријавено дека три гранати се пронајдени на магистралниот пат А3, кракот Прилеп – Ресен, во близина на тунелот кај место викано „Германски гробишта“, а четврта во близина на северната трибина на Градскиот стадион „Под Тумбекафе“. Како што информираат од МВР, гранатите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.бт/мд/

Остани поврзан