• понеделник, 23 декември 2024

Во Битола промовиран каталог „Градски костими“ од авторката Наде Геневска Брачиќ

Во Битола промовиран каталог „Градски костими“ од авторката Наде Геневска Брачиќ

Битола, 13 декември 2023 (МИА) - НУ Завод и музеј-Битола приреди промоција на каталог од колекцијата „Градски костими“ чиј автор е Наде Геневска Брачиќ.

Каталогот претставува промоција на сочуваните  предмети од начинот на облекувањето во Битола, од крајот на 19, почетокот на 20 и првата половина на 20 век.

-Колекцијата досега е претставувана на изложби во Македонија и меѓународни претставувања, научни конференции. Едициското претставување како посебен начин на комуникација на колекцијата и публиката има за цел да ги доближи поблиску музејските експонати и културното наследство како еден траен белег, истакна Геневска Брачиќ.

Катлогот и изложбата поместени се во изложбениот салон на битолскиот Музеј. мт/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан