• среда, 27 ноември 2024

Во Битола приведени две лица за доиздржување затворски казни

Во Битола приведени две лица за доиздржување затворски казни
Скопје, 25 март 2022 (МИА) - Во Битола полициски службеници од  СВР Битола, вчера на две локации, ги лишиле од слобода В.К.(43) од Прилеп и Д.Р.(24) од Битола. Како што денеска информираа од МВР, В.К. бил баран со потерница од Основен суд Прилеп за доиздржување затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. За Д.Р. била распишана потерница од Основен суд Битола со која се барал за доиздржување казна затвор од две години и пет месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Двете лица биле спроведени во Казнено - поправната установа Затвор Битола за доиздржување на казните. цр/са/

Остани поврзан