• среда, 25 декември 2024

Во Битола приведена скопјанка барана со шест потерници за издржување затворска казна

Во Битола приведена скопјанка барана со шест потерници за издржување затворска казна

Скопје, 21 ноември 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје попладнево уапсиле 44-годишна скопјанка барана со шест централни потерници од МВР за издржување затворска казна.

-Денеска околу 17 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги при СВР Скопје во координација со Отсекот за компјутерски криминал при СВР -ОКП Охрид на ул.„Ружа Делчева“ во Битола  ја лишија од слобода Р.С. (44) од Скопје, лице барано по шест централни потерници од МВР, по наредба на Основен кривичен суд Скопје и ОЈО Скопје за затворска казна од осум години и шест месеци. При претресот во домот на Р.С. пронајдени се предмети кои потекнуваат од кривични дела, како  и предмети кои ќе помогнат во расчистување на претходно пријавени кривични дела во врска со чл.247, чл.149 и чл.251 од КЗ на РСМ, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР посочуваат дека лицето ќе биде предадена на КПУ- Идризово за издржување на затворската казна. фф/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан