• четврток, 26 декември 2024

Во Битола почнува Интерфест – фестивал на класична музика

Во Битола почнува Интерфест – фестивал на класична музика

Битола, 2 октомври 2023 (МИА) - Со операта „Рита“ на Гаетано Доницети во изведба на Националната опера и балет, вечер во Битола почнува 32. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика – Интерфест.

Улогите во операта „Рита“ ги играат Ана Ројдева, Јане Дунимаглоски, Невен Силјановски и Борко Биџовски, а диригент е Иван Еминовиќ.

Според програмата, во периодот од 2 до 12 октомври, на фестивалските сцени во Битола освен македонски, ќе настапат и уметници од Шпанија, Италија, Украина, Австрија, Хрватска, Португалија, Ирска, а на 11 октомври целовечерен концерт ќе приреди гостинот од Јапонија Казухиро Котецу, кој во придружба на битолскиот камерен оркестар ќе исполни македонски народни песни.

За време на Интерфест ќе биде отворена ликовна изложба на авторите Драган Анѓелковиќ и Слободан Вигњевиќ, а ќе биде организирана и поетска вечер – 100 години Ацо Шопов. мт/вг/

Фото: МИА

Остани поврзан