• вторник, 24 декември 2024

Во Битола зачестени измами со злоупотреба на лични податоци

Во Битола зачестени измами со злоупотреба на лични податоци

Битола, 14 јули 2023 (МИА) - СВР-Битола информира дека евидентирани се зачестени пријави од граѓани кои се измамени со злоупотреба на личните податоци.

Најчестите измами  пријавени и пристигнати во СВР Битола, се во врска со подигнување на брзи кредити во име на трето лице за кои оштетените не се запознаени.

-Апелираме до граѓаните да бидат исклучително внимателни со кого ги споделуваат или каде ги изложуваат на увид личните карти, патните исправи, трансакциски сметки или здравствени легитимации. Исто така, предупредуваме, посебно помладите, да бидат особено внимателни при посредување за работа надвор од државата. Со цел спречување на измами, особено да бидат внимателни при аплицирање и склучување на договор за работа во странство и да ја проверат агенцијата,компанијата која им ги нуди услугите за посредување и сите сомнителни случаи соодветно да ги пријават, нагласуваат во јавниот апел од СВР-Битола. мт/дма/

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан