Во Битола заврши обуката за сезонски пожарникари
- Во Битола успешно заврши обуката на 20 млади пожарникари кои низ теоретски и практичен дел учеа вештини за брзо гаснење пожари на отворен простор.
Битола, 7 август 2025 (МИА) - Во Битола успешно заврши обуката на 20 млади пожарникари кои низ теоретски и практичен дел учеа вештини за брзо гаснење пожари на отворен простор.
Кандидатите за сезонски пожарникари ги посети градоначалникот Тони Коњановски и им посака успешна работа, професионалност и посветеност во извршувањето на задачите поврзани со заштитата на населението, материјалните добра и природните богатства од пожари.

-Локалната самоуправа продолжува со силна поддршка за ТППЕ Битола, изразена преку изградбата на новата противпожарна зграда, нејзиното доопремување кое е во тек, но и преку подготовка на дополнителен кадар кој успешно и навремено ќе одговори на сите предизвици, истакна градоначалникот Коњановски.
По завршувањето на обуката следи склучување на договори и распределба на обучените сезонски пожарникари во Територијалните противпожарни единици.мт/вј/
Фото: МИА