Во Битола вклучени новогодишните светилки
- Битола ја почна празничната сезона, која според востановената традиција се означува со свечено вклучување на новогодишните светилки на Широк Сокак, плоштадот Магнолија, Офицерскиот дом и парковите кај Саат кулата и Старата чаршија.
Битола, 11 декември 2024 (МИА) - Битола ја почна празничната сезона, која според востановената традиција се означува со свечено вклучување на новогодишните светилки на Широк Сокак, плоштадот Магнолија, Офицерскиот дом и парковите кај Саат кулата и Старата чаршија.
На 20 декември ќе почне и фестивалот „Зимска приказна“, на кој до 6 јануари ќе се реализира креирана програма и богата туристичка понуда.
Од Општина Битола очекуваат годинава освен битолчани и жителите на соседните општини, во градот да има гости од соседна Грција и Албанија. мт/мд/
Фото: Општина Битола