• четврток, 26 декември 2024

Во Бечиќи започнува 11. Самит на министри за финансии, гувернери и директори на даночни управи

Во Бечиќи започнува 11. Самит на министри за финансии, гувернери и директори на даночни управи

Будва, 14 јуни 2024 (МИА) - Во Бечиќи денеска и утре се одржува 11. Регионален самит на министри за финансии, гувернери и директори на даночните управи на Западен Балкан.

Како што е најавено, во рамки на Самитот ќе бидат организирани четири панели - на првиот панел ќе зборуваат директорите на даночните администрации, на вториот панел ќе се разговара за ефикасното управување со јавните инвестиции, третиот панел ќе биде посветен на гувернерите на централните банки, а министрите за финансии ќе учествуваат на четвртиот панел на Министерството за финансии на Западен Балкан.

Самитот се организира под медиумско покровителство на неделникот НИН, а институционални партнери на настанот се Централната банка на Црна Гора, Министерството за финансии и Даночната управа на Црна Гора. паг/

Остани поврзан