• сабота, 16 ноември 2024

Во беровското село Ратево продолжи традицијата ,,Ратевски Бамбурци

Во беровското село Ратево продолжи традицијата ,,Ратевски Бамбурци

Берово, 20 јануари 2023 (МИА) – Во беровското село Ратево продолжи традицијата „Ратевски Бамбурци” која на 20 јануари секоја година се организира по повод христијанскиот празник Собор на Св.Јован Крстител.

Преточена во карневал, како дел од долговековната традиција, Бамбурците како исконски јунаци излезени од некоја митолошка разгледница и оваа година беа главните протагонисти на селскиот мегдан во Ратево.

Ратевски Бамбурци годинава се посветени на еден од членовите на групата кој несреќно го изгуби животот.

-Исконските јунаци од прадедовските приказни облечени во кожи од глава до пети, со ѕвонци на половините и украсени маски со страшни елементи, и годинава со силен тропот и црнила го најават почетокот на новиот циклус. Самрак, пагански огнови, митски јунаци, древни орнаменти животински парчиња, кожи, рогови, черепи и бројни фолклорни елементи како алки протнати една во друга низ годините наназад на овој ден го оживуваат демонското спасување на светот. Сепак, наместо зурли и тапани, годинава страшен тропот на ѕвонци од бес за големата загуба на едно прекрасното чедо, дете, брат, другар. Оној кој понесе дел од секого од нас. Сигурно замина на поубаво место, а ние ќе го чуваме споменот за него. Вечна ти слава, Бојан. Засекогш ќе живееш во нашите срца, изјавија организаторите, кои со едноминутно молчење му оддадоа почит на својот  поранешен член.

Настанот, како што истакна претседателот Драган Аговски, е во организација на здружението Ратевски Бамбурци, што Ратевски Бамбурци ги организира со помош на месната заедница, Општина Берово и општествено одговорни фирми кои го помогнаа годинешното издание на карневалот.

-Традиционално секоја година на 20 јануари се организира карневал, маскирање во кожи од животинско потекло и маски со рогови, иако временските услови годинава се лоши, цела ноќ врне дожд, традицијата продолжува. Карактеристично за Ратевски Бамбурци е што ова е традиционална маска, учествуваат само машки во маскирањетоз доколку се забележи девојка, се растура и се црни по лицето. Она што исто така е карактеристично како што може да забележите е црнењето на моето лице, тоа е здравјез така останало од постарите и продолжува со векови, истакна Аговски.

Како членки на Европското карневалско семејство, во минатото маската ратевски Бамбурци учествува на повеќе карневали на Балканот, меѓутоа поради корона пандемијата и сплет на други околности се надеваме изразија надеж дека од догодина карневалот повторни ќе има Меѓународен карактер со учество на групи од Словенија, Бугарија кои учествуцале во Ратево низ годините наназад.

За градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, кој со општинска делегација присуствуваше на настанот, најважно е што и покрај лошите временски услови вековната традиција опстојува.

-Секако дека ред е да биде посетена од нас од Општината и да во овие услови со оваа вековна традиција сите духови бидат истерани од селото и на тој начин да продолжи почитта на жителите на Ратево, рече Пекевски.

Еден од маскираните учесници додаде дека маскирањето на Бамбурците почнува после полноќ на Водици, кога детските и возрасните групи се собираат заедно.

-Имаме големи групи и мали групи, претежно овчи кожи носиме. Ова во Ратево постоело и ќе постои. Повеќе не може да кажеме бидејки временската состојба не е добра, а преку годините знаете имаше повеќе маски и од други градови и држави, вели еден од маскираните учесници во традицијата.

Во рамки на карневалот Ратевски Бамбурци беше отворена и изложба на фотографии од познатиот балкански фотограф Југослав Белада. вс/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан