• среда, 25 декември 2024

Во беровското село Владимирово во тек втората фаза од реконструкцијата на водоснабдителна мрежа

Во беровското село Владимирово во тек втората фаза од реконструкцијата на водоснабдителна мрежа
Берово, 9 ноември 2022 (МИА) - Во беровското село Владимирово во тек втората фаза од реконструкцијата на водоснабдителна мрежа. Средствата за реализација на активностите како што информираа од Општината се обезбедени преку Програмата за управување со водите за 2022 година, од Министерството за животна средина и просторно планирање.
-Водоснабдителната мрежа, се реконструира  по сите современи стандарди и ќе обезбеди соодветен проток и притисок на мрежата, до крајните корисници. Проектoт е дел од техничкото решение за реконструкција на водоводната мрежа во село Владимирово, од Програмата за води во 2021 година, кога успешно беше финансиран првиот крак, информираа од Општина Берово.
Со реконструкцијата на вториот крак од водоснабдителниот систем во село Владимирово,  се заокружува поголема целина од водоводната мрежа.
-Се работи за должина на водоводниот систем од околу 1037 метри, со што во следната фаза, ќе се овозможи и поврзување на останатите помали краци, предвидени со проектот за село Владимирово, додадоа од Општина Берово.
За втората фаза од реконструкцијата на водоводната мрежа во с. Владимирово , како што дополни градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој сенес изврши увид во работите обезбедени се околу 2,7 милиони денари.
Водоводот во с. Владимирово е изграден во 60-тите години на минатиот век и неговата реконструкција како што посочи Пекевски, често е истакнувана како приоритет на средбите со граѓани. вс/сст/

Остани поврзан