• четврток, 24 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Берово започна пријавувањето за штети од невремето со врнежи од град

Во Берово започна пријавувањето за штети од невремето со врнежи од град

Берово, 10 јуни 2025 (МИА) - Општина Берово ги повикува граѓаните кои имаат причинета материјална штета од невремето со врнежи од град, кое ја зафати територијата на општината на  5 јуни 2025 година (четврток), да ја пријават штетата, до Комисијата за проценка на штети на Општина Берово. Повикот, како што се вели во денешното соопштение од Општината се однесува за жителите од селата Владимирово,  Мачево, Смојмирово, Русиново и Двориште.

-Барањето за пријавување на штета пополнето со бараните податоци и документи се доставува до Архивата на Општина Берово ул. „Димитар Влахов” бр.10 во Берово.  Во Барањето потребно е да се опише настанатата штета и точната локација која се пријавува, информираа од Општина Берово.

Комисијата во предвид ќе ги земе сите барања кои по овој основ се поднесени најдоцна до 16 јуни 2025 година..

-Покрај Барањето секој барател треба да достави: копија од лична карта за користење на потребните лични податоци;  копија од трансакциска сметка на барателот; доказ за основ на користење на земјиштето за насадите (копија од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на змјоделски стопанства издадено од МЗШВ, копија од имотен лист, копија од договор за закуп), изјава за штети дека имотот не е осигуран, додадоа од Општина Берово.

Барањата ќе бидат обработени од страна на Комисијата за проценка на штети и ќе биде изготвен првичен извештај, кој ќе биде проследен до Влада на Република Северна Македонија. вс/дма/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан