• вторник, 24 декември 2024

Во Берово започна изградбата на нова пешачка и велосипедска патека

Во Берово започна изградбата на нова пешачка и велосипедска патека

Берово, 16 октомври 2023 (МИА) - Започнува изградбата на нова пешачка и велосипедска  патека покрај кејот на река Брегалница во Берово, информираа денеска од Општината. Градежните работи, како што додадоа, ќе бидат во должина од 250 метри.

-Патеката која ќе минува покрај кејот на реката  Брегалница во Берово ќе биде спој со улица ,,11 Октомври” кај мостот со веќе изградена, уредена патека. За таа цел, се вршат подготвителни активности за велосипедска  и пешачка патека, односно машински ископ на земјен материјал, со планирање на подлога и поставување на тампонски  слој, информираа од Општина Берово.

Градежните работи, како што додадоа, предвидуваат и изградба на електрична инсталација за осветлување.

-Должината на патеката е 230 метри, ширината е 2,5 метри, ќе се врши поплочување со бехатон плочки, со дебелина од 6 сантиметри и осветлување на целата патека , со вкупно 9 рустикални канделабри, додадоа од Општина Берово.

Проектот, како што напоменаа, претставува продолжување на претходен проект од Буџетот на Општина Берово, од коишто за 2023 година ќе бидат потрошени 2.303.189,00 денари. вс/љм

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан