• сабота, 23 ноември 2024

Во Белорусија уапсени повеќе од 50 лица за коментари по убиството на агентот на КГБ

Во Белорусија уапсени повеќе од 50 лица за коментари по убиството на агентот на КГБ
Минск, 1 октомври 2021 (МИА) - Белоруските власти уапсија повеќе од 50 лица, најверојатно поради коментари на социјалните мрежи во врска со размената на оган во која беа убиени приврзаник на опозицијата и припадник на разузнавачката служба КГБ, соопшти невладината организација „Весна“. Групата наведува дека уапсените може да бидат обвинети за навреда на државни службеници и поттикнување „омраза во општеството“, за што им се заканува затворска казна до 12 години.
Белоруските власти во вторникот вечерта соопштија дека „екстремно опасен криминалец“ отворил оган врз безбедносните службеници кога дошле во неговиот стан, барајќи „лица вклучени во терористички активности“. Властите наведоа дека тогаш бил убиен еден од припадниците на службата на КГБ и дека неговите колеги возвратиле и го убиле сторителот.
Белорускиот технолошки портал „Дев“ објави дека убиениот цивил работел за ИТ компанијата „ЕПАМ системи“, со седиште во САД, основана од Белорусите.
Минатата година, ЕПАМ системи иницираше програма за обука за белоруски ИТ работници кои останаа без работа поради поддршка на масовните антивладини протести, кои започнаа по реизборот на долгогодишниот претседател Александар Лукашенко.
Силите на Лукашенко тогаш значително ја засилија пресметката со противниците, уапсија 35.000 луѓе и претепаа илјадници. паг/    

Остани поврзан