Во Белград Влатко Стефановски и Васил Хаџиманов настапуваат за првпат како дует
- Во Белград на фестивалот Somersby Jazz in the Garden, Влатко Стефановски и Васил Хаџиманов вечерва првпат во кариерата ќе настапат заедно на сцената како дует, а како специјален гостин ќе им се придружи и американскиот госпел и блуз пејач Дин Бауман, јави дописникот на МИА од Белград.
Белград, 7 јули 2024 (МИА) - Во Белград на фестивалот Somersby Jazz in the Garden, Влатко Стефановски и Васил Хаџиманов вечерва првпат во кариерата ќе настапат заедно на сцената како дует, а како специјален гостин ќе им се придружи и американскиот госпел и блуз пејач Дин Бауман, јави дописникот на МИА од Белград.
-Со Влатко настапувавме заедно во неколку наврати, работевме заедно со кавалистот Теодосиј Спасов, бев гостин на неговиот албум, така што не ни е првпат да се среќаваме. Но, за првпат настапуваме сами, како дуо. Ќе биде интересно за нас, а се надевам и за публиката, изјави Васил Хаџиманов.
Тој најави дека на концертот ќе свири микс од сопствениот материјал, а ќе му се придружи и пејачот Дин Бауман, големо име во блузот и џез музиката.
-Целта е всушност да се помине низ репертоарот што го означува и творештво на Влатко Стефановски и моето, што секако не е многу едноставно. Јас немам 50-годишна кариера како Влатко, но имам 34 години и тоа не е наивно. Избравме композиции кои се делумно авторско дело на Влатко Стефановски, делумно мое. Ќе има и неколку излети во блуз и соул музиката, со оглед на тоа што Бауман е наш специјален гостин, а тој е мајстор на таа музика, најави Васил Хаџиманов во пресрет на вечерашниот концерт.об/бт/