• вторник, 19 ноември 2024

Во Балтимор монтиран најголемиот кран за отстранување на остатоците од урнатиот мост

Во Балтимор монтиран најголемиот кран за отстранување на остатоците од урнатиот мост

Балтимор, 29 март 2024 (МИА) – Најголемиот оперативен кран на источниот брег на САД денеска е монтиран во пристаништето Балтимор и е подготвен да почне со расчистување на остатоците од мостот Френсис Скот Ки, кој се урна во вторникот откако товарниот контејнерски брод Дали удри во потпорен столб.

Кранот, кој може да подигне до 1.000 тони товар, најверојатно ќе почне да ги извлекува остатоците од конструкцијата на мостот од реката Патапско утре наутро, изјави денеска портпаролката на американската крајбрежна стража Кармен Карвер.

Втор, сличен кран е на пат за Балтимор и се очекува да пристигне наскоро за да се приклучи на операцијата за отстранување на делови од урнатата конструкција на мостот. јт/

Фото: Х

Остани поврзан