• среда, 27 ноември 2024

Во Аргентина марш во знак на сеќавање на жртвите на диктатурата

Во Аргентина марш во знак на сеќавање на жртвите на диктатурата

Буенос Аирес, 25 март 2024 (МИА) - Неколку десетици илјади Аргентинци се собраа вчера на Денот на сеќавањето на жртвите на диктатурата (1976-83) со порака „никогаш повеќе“ и против актуелните власти кои го оспорува бројот на жртвите и настаните што доведоа до тоа време.

Центарот на Буенос Аирес беше полн со граѓани, како и неколку авении кои водат до Пласа де Мајо, едно од најпопуларните места за собирање во последниве години за традиционалниот Ден на сеќавањето, кој се слави на 24 март.

Се одбележуваше споменот од доаѓањето на власт на воената хунта во 1976 година, при што загинаа и исчезнаа 30.000 луѓе, според извештаите на организациите за човекови права.

Таа проценка е сè поотворено оспорувана од извршната власт на десничарскиот претседател Хавиер Милеи, кој споменува бројка од помалку од 9.000 луѓе.

На митингот беа носени транспаренти со натпис „Навистина 30.000!“. и „Да на сеќавањето, не на стравот!“, како и портрети на жртвите. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан